Обожавате газирани пијалоци? Еве што му прават тие на вашето тело!

Ако пиете многу газирани пијалоци, време е да ја прекинете оваа лоша навика… Еве како газираните пијалоци влијаат врз нашиот организам…

Забрзано стареење

Фосфатите и фосфорната киселина го зголемуваат рокот на траење на газираните пијалоци, но затоа го намалуваат рокот на траење на човечкиот живот.

Поголем обем на половината

Десетгодишно истражување утврди дека на лицата кои пијат по два газирани пијалоци дневно половината им се шири двојно побрзо.

Маснотии во крвта

Газираните пијалоци дневно кај некои лица го зголемуваат нивото на триглицериди за 30 проценти, поради што артериите ја губат еластичноста.

Чувствителност на забите

Фосфорната и лимонската киселина во газираните пијалоци ја менуваат pH вредноста во устата, што може да доведе до оштетување на глеѓта на забите.

Зголемен крвен притисок

Сите благи пијалоци, а познато е дека газираните сокови се полни со шеќер, можат да го зголемат притисокот.

Камен во бубрезите

Еден или повеќе газирани пијалоци во текот на еден ден го зголемуваат и ризикот од создавање на камен во бубрезите за 33 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот