Обновата на Турција ќе ги зголеми цените на градежните материјали

земјотрес турција сирија
Кахраманмараш, Турција / EPA-EFE/ABIR SULTAN

Земјотресот може да има значително влијание врз цената на градежните материјали, бидејќи на Турција ќе и требаат огромни количини челик, цемент и други градежни материјали за реконструкција во следните три до четири години.

За наредниот период се очекува натамошна динамика на пазарот бидејќи трошоците за работна сила, а потоа и трошоците за енергија и следствено на тоа суровините ќе продолжат да имаат значително влијание врз цените, анализира Пословни хр.

„Пред една година имавме ситуација со драстично зголемување на челикот и цементот на светскиот пазар, што подоцна беше израмнето, пред се поради големиот пораст на капацитетот во Турција, кој врз основа на евтините руски енергенси и суровини, е главен снабдувач на челик и стабилизатор на пазарот на цемент во Централна и Југоисточна Европа. Сепак, земјотресот што ја погоди таа земја минатата недела може да има значително влијание врз цената на градежните материјали, бидејќи е извесно дека на Турција ќе и требаат огромни количини челик, цемент и сите други градежни материјали за реконструкција во следните три до четири години. Затоа, се плашам дека инвеститорите во Хрватска кои нема да ги финализираат цените на нивните инвестиции во следниот месец или два, потоа ќе имаат големи проблеми со поскапување, рокови за испорака и слично“, смета Денис Чупиќ од Здружението за трговија и логистика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот