Објавени семејни фотографии од принцот Филип и кралицата со седумте правнуци: Едната фотографија ја направила Кејт Мидлтон

Instagram

Членовите на британското кралско семејство деновиве се сеќаваат на животот на принцот Филип споделувајќи фотографии на нивниот официјалниот инстаграм-профил.

Најголемо внимание привлече фотографијата направена од Кејт Мидлтон во 2018 година. На фотографијата кралицата Елизабета и принцот Филип позираат опкружени со седумте правнуци во замокот Балморал.

Фотографија направена од војвотката од Кембриџ. Кралицата и војводата од Единбург опкружени со нивните седум правнуци на замокот Балморал во 2018 година“, стоеше во описот на фотографијата.

На фотографијата покрај кралицата и принцот се нивните правнуци – принцот Џорџ, принцот Луис, принцезата Шарлот, Миа и Лена Тиндал наследничките на Зара Тиндал, најстарата внука на кралицата, како и Исла Филипс и Савана Филипс кои се ќерки на Питер Филипс, единствениот син на принцезата Ана.

Кејт е толку талентирана за фотографирање, сакам да ги гледам нејзините слики”, „Симпатична фотографија”, беа дел од коментарите на обожавателите на кралското семејство.

На официјалниот инстаграм-профил на палатата, беше објавена и друга, семејна фотографија, која досега не беше позната за јавноста.

На фотографијата позираат кралицата и принцот Филип со Вилијам и Кејт и нивните деца Џорџ и Шарлот. Фотографијата е направена во 2015 година, три години пред да се роди принцот Луис.

Денес, заедно со членовите на кралското семејство, споделуваме фотографии од војводата од Единбург, сеќавајќи се на него како татко, дедо и прадедо“, пишуваше во описот на фотографијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот