Белград / Фото: Nikola Obradovic / Panthermedia / Profimedia

Објавена листа на најевтини градови во Европа за летен одмор — Сараево, Тирана и Белград меѓу најдостапните дестинации

Новo истражување откри кои европски градови нудат најдобар однос помеѓу цена и квалитет за патниците, но и каде туристите може да потрошат значително повеќе пари од очекуваното. Со оглед на тоа што цените на авионските билети растат, кратките градски патувања ова лето сè повеќе стануваат еден од главните туристички трендови во Европа. Сè поголем број патници се откажуваат од скапи далечни дестинации и избираат пократки и попристапни одмори.

Истражувањето „City Costs Barometer“ на компанијата „Post Office Travel Money“ анализирало трошоци за 12 типични туристички ставки за две лица во 50 европски градови. Целта била да се прикаже колку реално чини еден викенд-патување, пишува „Н1“.

Во анализата се вклучени секојдневни трошоци како кафе, пиво, безалкохолни пијалаци, чаша вино и вечера од три јадења за две лица со вино. Дополнително се пресметани трошоци за локален превоз, трансфер од аеродром, 48-часовен јавен превоз, туристички автобус, влезници за музеи и атракции, како и две ноќевања во хотел со три ѕвезди.

Според авторите, најголемиот фактор во вкупниот буџет е сместувањето, па дури и мали промени во цените на хотелите значително влијаат на конечниот трошок.

Истражувањето покажува дека градовите во Источна Европа се најпристапни, при што дури осум од десет најевтини дестинации се наоѓаат во тој регион.

За 2026 година, како најдобра дестинација според однос цена-квалитет е прогласено Сараево, со вкупен трошок од околу 287 евра за две лица.

Меѓу најевтините градови во Европа се:

1. Сараево – 287 евра
2. Букурешт – 299 евра
3. Тирана – 304,5 евра
4. Белград – 307 евра
5. Тренчин – 315 евра
6. Рига – 322 евра
7. Лил – 334 евра
8. Вилнус – 334 евра
9. Стразбур – 369 евра
10. Подгорица – 384,5 евра

Во извештајот се наведува дека Сараево привлекува туристи со поволен сместувачки капацитет, евтин превоз и достапни атракции. Букурешт се истакнува со евтина храна и пијалаци, додека Тирана и Белград се опишани како градови со добра понуда за градски одмор, ниски трошоци и богата туристичка содржина.

Најскапи градови во Европа

На спротивниот крај на листата се наоѓа Осло, кој е прогласен за најскап европски град за краток одмор, со проценет трошок од околу 850 евра за две лица. Во првите пет најскапи градови се и Копенхаген, Единбург, Женева и Барселона. Како главна причина за високите цени се наведуваат скапите хотели и високите трошоци во ресторани и забава.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот