„Обична Американка храбро го собори принцот“, вели семејството на Вирџинија Џуфре
Семејството на Вирџинија Џуфре ја поздрави одлуката на кралот Чарлс да му ги одземе сите кралски титули на својот брат Ендру како „победа“, велејќи дека вистината за „обичното девојче од САД“ довело до падот на еден принц, објави лондонски Стандард.
Препорачано
Вчера Бакингемската палата објави дека Ендру, 65, повеќе нема да ги користи титулите Принц и Негово Кралско Височество и ќе биде познат како Ендру Маунтбатен Виндзор и ќе мора да го напушти својот дом во Ројал Лоџ во западен Лондон откако ќе му биде доставено формално известување за откажување од закупот.
„Денес едно обично американско девојче, од обично американско семејство, го собори британскиот принц со својата вистина и извонредна храброст“, изјавија братот на Џуфре, Скај Робертс, и неговата сопруга, Аманда, во соопштението, додавајќи: „Вирџинија Робертс Џуфре, нашата сестра, која беше дете кога беше сексуално злоставувана од Ендру, никогаш не престана да се бори за одговорност за она што се случи и за безброј други жени кои го преживеаја истото. Денес, таа прогласува победа. Ние, нејзиното семејство, заедно со нејзините преживеани сестри, ја продолжуваме борбата на Вирџинија и нема да се смириме додека сите сторители и соучесници поврзани со Џефри Епстин и Гислејн Максвел не бидат повикани на одговорност.“
Соопштението од палатата доаѓа по објавувањето на постхумната книга на Џуфре, „Ничија девојка: Мемоари за преживеано злоставување и борба за правда“, на 21 октомври, во која се детално опишани трите пати кога таа наводно била сексуално злоставувана од поранешниот принц на 17-годишна возраст, според „Пипл“.
Џуфре е родена во Флорида и се преселила со својот сопруг Роберт и нивните три деца во Австралија во 2019 година.
На 25 април оваа година, таа си го одзеде животот на 41-годишна возраст.
Принцот Ендру се соочува со 15 години затвор, од својот телохранител барал докази за Џуфре


