Фото: pexels-olly

Нутриционистите предупредуваат: Овие пијалаци никогаш не треба да ги пиете на празен стомак

Иако за многумина утрото започнува со омилениот пијалак – најчесто кафе – нутриционистите предупредуваат дека некои напитоци, вклучувајќи го и кафето, не се добар избор кога се консумираат на празен стомак.

Причината е едноставна: тие можат да ја иритираат слузницата на желудникот, да предизвикаат нагли скокови на шеќерот во крвта или да доведат до непријатности како киселини, мачнина, вртоглавица и чувство на слабост.

Според експертите за исхрана, на празен стомак треба да ги избегнувате следниве пијалаци:

Кафе

Иако е најчестиот утрински избор, кафето е и еден од најпроблематичните пијалаци кога се пие на празен стомак. Го зголемува лачењето на желудочна киселина, што може да предизвика киселини, болка во стомакот и долгорочна иритација на желудникот. Дополнително, може да ја зголеми нервозата и да го забрза срцевиот ритам. Стручњаците советуваат пред првата голтка да изедете барем мал залак храна.

Алкохол

Алкохолот на празен стомак многу побрзо се апсорбира во крвта, што значи има посилно и побрзо дејство. Ова може да доведе до вртоглавица, мачнина, нагло паѓање на шеќерот во крвта и дополнително оптоварување на црниот дроб.

Газирани пијалаци

Газирани напитоци, вклучувајќи и минерална вода, можат да предизвикаат надуеност и непријатност кога се пијат на празен стомак. Киселините и шеќерите дополнително го иритираат желудникот.

Овошни сокови (особено цитрусни)

Иако важат за здрави, овошните сокови се богати со киселини и природни шеќери. Кога се пијат на празен стомак, можат да предизвикаат иритација и нагло зголемување на глукозата во крвта, по што следи пад на енергијата.

Енергетски пијалаци

Комбинацијата од кофеин, шеќер и други стимуланси ги прави енергетските пијалаци особено неповолни кога се консумираат на празен стомак. Тие можат да предизвикаат забрзано чукање на срцето, нервоза и ненадеен пад на енергијата.

Празниот стомак е особено чувствителен, а она што го пиеме наутро може значително да влијае врз нашето здравје и општото чувство во текот на денот. Најбезбеден избор наутро е чаша вода или благ чај, додека останатите пијалаци е подобро да се консумираат за време или по оброк.

Малите промени во навиките можат да направат голема разлика за варењето и целокупната состојба на организмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот