Нулта точка во Париз: Место на најразлични ритуали за среќа и вечна љубов
Дали сте знаеле дека во непосредна близина на катедралата „Нотр Дам“ во Париз, се наоѓа нултата точка на главниот град на Франција, односно местото од каде се мери километражата кон секој друг француски град. Ова место го посетуваат голем број туристи секоја година за да си посакаат посебни работи.
Препорачано
Постојат неколку различни ритуали што ги прават туристите при посетата на оваа локација, а еве неколку од најпопуларните.
View this post on Instagram
Ако стапнете на овој знак и се свртите 360 степени на едната нога – ќе се оствари желбата што ја замислувате во тој момент. Покрај тоа, многумина веруваат дека ќе останат со своите партнери засекогаш ако ги бакнат додека стојат на овој знак.
View this post on Instagram
Друга популарна традиција е да се фрлат монети на овој знак. Посетителите веруваат дека тоа има ист ефект како фрлање паричка во фонтана за желби.
Ако одите во Париз во зима, поточно за време на Божиќните празници, многу е веројатно дека на ова место ќе биде поставена голема елка, па затоа знакот нема да биде видлив.


