фото: mtftennis.mk

Ново финале за Лина Ѓорческа, македонската тенисерка ќе игра за титулата во германскиот Хешинген

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се избори за своето трето финале во двојки во 2023 година или 72 во кариерата.

Ѓорческа и Русинката Алена Фомина – Клоц во полуфиналето на фјучрсот во германскиот град Хешинген ги победија домашните тенисерки Каролина Кул и Еле Сидер со 2:1 во сетови 2:6, 6:2 и 13:11 на поени. Притоа успеаја да спасат дури пет меч топки во решевачкиот сет што се играше на поени.

Во првиот сет тенисерките од Германија по негативата од 0:1 направија серија од пет гема и поведоа со 5:1 што се покажа како решавачко за освојување на сетот и водство од 1:0.

Во вториот сет Ѓорческа и Фомина-Клоц почнаа многу подобро и поведоа со 4:0, а потоа следуваше мини-серија на ривалките кои намалија на 4:2, сепак македонско-руската комбинација го доби сетот со 6:2 за 1:1 во сетови.

Во решавачкиот сет на поени по 12 одиграни поени (6:6) ниту една од двојките немаше поголема предност од два поена. Тогаш Кул и Сидер поведоа со 9:6, а Ѓорческа и Фомина – Клоц спасија три меч топки и изедначија на 9:9.

Германскиот пар потоа поведе и со 10:9 и со 11:10 што значи дека Лина и Алена спасија уште две меч топки или вкупно пет, а потоа при 12:11, ја искористија првата МТ и сетот го завршија со 13:11.

Ѓорческа и Фомина – Клоц во дубл финалето ќе играат против победничките од второто полуфинале во коие се среќаваат Е. Горгодзе (Грузија)/К. Хобгарски (Германија) и Р. Саиго (Јапонија)/Ј. Саиго (Јапонија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот