Новиот тренер Кристоф Галтие потпиша договор со ПСЖ
Новиот спортски директор Луис Кампос се одлучи за Галтие, откако пропаднаа преговорите со Зинедин Зидан. Кампос и Галтие работеа заедно во Лил и оставија одличен впечаток.
Кристоф Галтие, за кој се најавуваше уште минатиот месец, денеска потпиша двегодишен договор со париските „светци“ и ќе биде наследникот на Аргентинецот Маурисио Покетино на клупата на ПСЖ.
Препорачано
Галтие се прослави во Лил, со кого пред две сезони сензационално ја освои шампионската титула, оставајќи го ПСЖ зад себе.
Минатата сезона 55-годишниот ја водеше Ница, но ПСЖ го откупи неговиот договор за 10 милиони евра и го доведе на „Паркот на принцовите“, иако јавноста очекуваше многу поголемо тренерско име.
Новиот спортски директор Луис Кампос се одлучи за Галтие, откако пропаднаа преговорите со Зинедин Зидан. Кампос и Галтие работеа заедно во Лил и оставија одличен впечаток.
Ќе видиме како ќе бидат под многу поголем притисок во „Градот на светлината“, во Лил беа во улога на комплетен аутсајдер, овде ситуацијата е целосно обратна.
Christophe Galtier appointed PSG coach on two-year deal, say sources https://t.co/mlO5vopBk9
— Conewshub (@conewshub) July 5, 2022


