Нови студии за воздухот: Аерозагадувањето го напаѓа и црниот дроб, тетовци веќе ги чуствуваат последиците

Загаден воздух / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Оштетување на дишните патишта и кардиоваскуларниот систем, се најчестите здравствени последици од аерозагадувањето. Но последните светски студии, покажуваат дека ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките длабоко продираат во клетките и предизвикуваат големи штети на црниот дроб и мозокот, вели Д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија, вработен во Центарот за јавно здравје Тетово.

Студијата вели дека од загадениот воздух кај луѓето се јавуваат метаболни нарушувања, односно замастување на црниот дроб, кој добива оштетувања како кај лица кои конзумираат алкохол во поголеми количини и имаат нездрав живот. Студиите покажуват и неуродегенеративно делување на мозокот, така да имаме намалена меморија, говор, интелегенција ,а една студија покажува дека кај неродени деца се јавуваат дури и туморозни формации кај мозокот додава доктор Давидовски.

Тој апелира надлежните сериозно да му пристапат на проблемот со аерозагадувањето, ако се земе предвид фактот дека Тетово во повеќе наврати го зазема неславното прво место како најзагаден град во светот.

Моето лично видување и искуство земајќи ги во предвид разговорите со пријателите и роднините ја потврдуваат оваа студија.

„И навистина има лица од Тетово и селата кои воделе здрав живот не конзумирале алкохол, одат на лекар се снимаат и добиваат лекарски наод замастен црн дроб. Замастувањето на црниот дроб значи дека клетките на црниот дроб си ја намалуваат својата функција, а главните функции на црниот дроб е хемијата, односно лабаротија која го прочистува организмот.Оваа студија се појави во журналот за хепатологија еминентен журнал, а студијата е вршена подолго време“, вели доктор Давидовски

Пандемијата вели доктор Давидовски, си го направи своето. Изминативе две годинии „благодарение“ и на полицискиот час немаше голема концетрација на ПМ 10 честички во воздуот, но сега кога се функционира и работи, особено со кризата кога се најавува дека на големо се враќа јагленот, а луѓето поради беспарицата, претпоставувам дека ќе горат се и сешто во ќумбињата, тешко ни се пишува.

„Има решение, но за жал во оваа сега енергетска криза е тешко. А решение за Тетово е само гасификација, дека до 80 проценти од граѓаните се греат на фосилни горива , а со оваа економска криза се што имаат дома граѓаните ќе ставаат во ќумбиња да се греат. Нас од Институтот за јавно здравје на Финска ни беше презентирано слика и база на податоци од 1970 година кога е воведена гасификација, како еден град во Финска е во целосен чад и каков е сега воздухот со ниски вредности со гасификација, значи гасификацијата е главно решение, изјави доктор Давидовски.

Дека градските власти и минатите и сегашните немаат преземено сериозни чекори за намалување на аерозагадувањето, говори и уништеното „Еколошко дрво“ поставено во форма на билборд во центарот на Тетово,

„Дрвото“ кое имаше за цел да го прочистува воздухот во градот, односно да ги апсорбира штетните ПМ честички е речиси целосно уништено. Веќе садниците ги нема, а демолирана е и конструкцијата.

Инаку Тетово речиси секоја зима во одредени денови е на врвот заедно со најзагадените градови во светот, со ПМ 10 честички кои се и за 15 пати повисоки од дозволените граници.

Но, на терен не се преземаат сериозни чекори за изворите на аерозагадување. Сообраќајниот хаос и натаму е присутен, висококатниците кои ја попречуваат нормалната циркулација на воздухот и натаму се градат на големо, а хигиената е на многу ниско ниво.

„Еколошкото дрво“ не издржа во нееколошкиот град под „Шара“, каде нема ниту казни за загадувачите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот