Нови санкции за „Северен тек 2“ во нацрт одбрамбениот буџет на САД

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер смета дека новите американски санкции против „Северен тек 2“ претставуваат намерно прекинување на трансатлантското партнерство.

Американскиот Сенат вклучи дополнителни санкции против „Северен тек 2 во нацрт буџетот за национална одбрана, изјави конгресменот републиканец Стив Вомак.

Тој вели дека руските власти сакаат проектот „Северен тек 2“ да го искористат како инструмент за присила, како и дека целта на проектот е да се зголеми зависноста на Полска и Украина од руски гас.

– Се гордеам што сум коавтор на санкциите кои имаат за цел да се запре изградбата на гасоводот и го поздравувам Сенатот бидејќи го вклучи овој приоритет во нацрт буџетот за национална одбрана, напиша Вомак на својот Твитер профил.

Сенатот, кој е под контрола на републиканците, и Претставничкиот дом, под контрола на демократите, претставуваат свои верзии од нацрт одбрамбениот буџет. За конечна верзија гласаат двата дома и потоа таа оди кај претседателот на потпишување.

Од друга страна пак поранешниот германски канцелар Герхард Шредер смета дека новите американски санкции против „Северен тек 2“ претставуваат намерно прекинување на трансатлантското партнерство.

Тој истовремено предупредува дека финансиските последици би биле исклучително сериозни.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот