Нови Пазар жестоко казнет поради дивеењето на навивачите на Партизан

Партизан без поддршката од навивачите на четири гостувања/Фото: EPA-EFE/Szilard Koszticsak

Натпреварот одигран пред 11 дена беше прекинат откако навивачите на Партизан го скандираа името на воениот злосторник Ратко Младиќ и извикуваа пароли за Сребреница.

Фудбалската федерација на Србија денеска донесе одлуки поврзани со мечот (8 август) од српската Супер лига помеѓу Нови Пазар и Партизан кој на крајот заврши со победа на гостите (1:4).

Казнет е домаќинот Нови Пазар поради „лошата организација на натпреварот“, следните четири домашни натпревари ќе ги играат без своја публика, и ќе треба да платат казна од половина милион динари, или околу 4.200 евра.

Ниту Партизан не помина неказнет, белградскиот клуб нема да ја има поддршката од своите навивачи на следните четири гостувања, а воедно ќе треба да плати 1.700 евра казна.

Во образложението на казната, навивачите на двата клуба беа казнети за навреди врз основа на верска или етничка припадност, со елементи на нетолеранција.

ВИДЕО: Мечот Нови Пазар-Партизан беше прекинат поради скандирање на воен злосторник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот