ВИДЕО: Мечот Нови Пазар-Партизан беше прекинат поради скандирање на воен злосторник

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Натпреварот помеѓу Нови Пазар и Партизан во српскиот шампионат (1:4) беше прекинат откако играчите на домашниот тим одбија да ја продолжат играта поради однесувањето на „црно-белите“ навивачи.

За време на полувремето, фановите на Партизан го скандираа името на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, скандирајќи „Нож, жица, Сребреница“, што се пренесе и во второто полувреме.

Откако Рикардо го постигна третиот гол во 61 минута, скандирањето продолжи, а фудбалерите на домашниот тим одбија да продолжат со играта.

Апелите на фудбалерите на Партизан предводени од капитенот Саша Здјелар не вродија со плод, навивачите на тимот од Хумска продолжија со своето скандирање, па играчите на Нови Пазар влегоа во тунелот и повеќепати посочуваа дека немаат намера да се вратат на теренот.

Имаше пауза подолга од половина час, која заврши со празнење на делот од трибината каде беа навивачите на Партизан, по што фудбалерите на двата тима повторно излегоа на теренот за да го одиграат преостанатиот половина час од лигашкиот меч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот