Новата сензација во УФЦ и актерот на најспектакуларниот нокаут во историјата работи – во аптека

принтскрин

Жоакин Бакли преку ноќ стана вистинска сензација во ММА спортот откако на УФЦ приредбата во Абу Даби со неверојатен нокаут го победи својот противник, Импа Касанганај, за што заработи бонус од 50.000 долари, но и тоа не го спречи да се врати на својата редовна работа – во аптека.

Нокаутот на Бакли од свртување уште сега е прогласен за нокаут на годината и најспектакуларен во историјата на УФЦ, но 26-годишниот ММА борец не дозволува моментната слава да му го наруши секојдневниот ритам и се враит на вабота во синџирот аптеки Волгринс.

Немав работа и само тренирав во сала и на отворено и поради тоа тренингот ми беше како работа. Но, потоа сфатив дека нема потреба толку многу да тренирам секој ден, дури осум часа посветував на тренинзите без ниту еден ден одмор. Тоа е трошење на телото, и затоа се додека можам да тренирам по два-три часа, добро е за мене. Поради тоа добив многу слободно време и сфатив дека можам и да заработувам – вели Бакли.

ММА борецот не е продавач во аптека, туку има друга функција.
Јас сум сменски раководител и ја предводам ноќната смена. Ссе грижам секој да остане среќен – додава Бакли.

Го победи противникот со најлудиот нокаут во историјата на УФЦ (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот