Новак, Рафа и Рожер не играат за пари, туку за приматот најдобар во историја

Шпанецот Пабло Андухар зборува за тоа колкава улога имаат парите во тенисот.

Големата тениска тројка, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер, не играат тенис поради пари, туку поради славата.

– Тенисерите не би требало да играат за пари, туку затоа што го сакаат овој спорт. Надал, Ѓоковиќ и Федерер не играат поради парите, туку се обидуваат да бидат најдобри во историјата. Сите играат бидејќи го сакаат тенисот, тоа е стил на живот – изјави 53. тенисер на АТП ранг листата.

Андухар смета дека победата повеќе се слави во тенисот отколку во популарните спортови како фудбал и кошарка.

– Кога тенисерот ќе победи не се чувствува иста како фудбалер или кошаркар. Победата е поважна во нашиот спорт бидејќи до неа доаѓаш сам и поради тоа си исполнет. Ние тенисерите немаме плати доколку нема турнири бидејќи живееме од овој спорт.

Тенисерите кои не се во првите 100-150 на ранг листата трошат се што ќе заработат на турнирите. Тимскиот спорт не е толку скап, додека ние мора да се однесувае како шефови, да инвестираме пари и да плаќаме тренери. Да, може да се заработи многу во еден момент, но и трошоците се големи. Згора на тоа мора да плаќаме данок во државата во која е турнирот и во државата во која живееме. Исто така кога си повреден се сам плаќаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот