Новак и Јелена Ѓоковиќ негативни на коронавирус!

Instagram
Instagram

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на коронавирус.

Тие се резултатите од ПЦР тестот кој беше направен во Белград, информираат од тимот за односи со јавност на српскиот ас.

Новак и Јелена не чувствуваа никакви симптоми, а тестот го направија по претходен договор со лекарите.

Изминатите 10 дена, од враќањето од Задар, семејството Ѓоковиќ ги поминаа во самоизолација, следејќи ги сите протоколи и безбедносни мерки во врска со Ковид-19.

Ѓоковиќ позитивен на коронавирус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот