Нова снимка од нападот врз Озил и Колашинац! (ВИДЕО)

принтскрин/твитер

Претходно се пишуваше за овој немил настан, како и за првото објавено достапно видео од нападот, а сега е објавено и уште едно снимање на нападот, објавено од лондонската полиција.

Репрезентативецот на БиХ не го даваше својот часовник, туку се обиде да побегне со Озил во автомобилот. Напаѓачите ги следеле со својот мотор, па во еден момент Колашинац излезе од возилото и почна да ги брка напаѓачите.

Сега се појавија нови снимки од нападот, а ги објави лондонската полиција.

https://twitter.com/FutbolBible/status/1192122318346162176

 

На снимката јасно се гледа моментот во кој напаѓачите на мотор доаѓаат до автомобилот на германскиот фудбалер, од кои едниот се симнува од мопедот и го напаѓа Колашинац. Но, босанскиот репрезентативец остана потполно смирен, како да разговара со пријател, а не со вооружен разбојник.

Во август полицијата уапси двајца Турци, но подоцна беа уапсени Англичани под обвинение за напад Англичани, 30-годишниот Ешли Смит и четири години помладиот Џордан Нортовер.

Смит сега се изјасни за виновен за нападот и обид за грабеж на sвездите на Арсенал, но тврди дека не сакал да им го украде автомобилот, туку часовниците, а казните на рочиште треба да бидат познати на 9 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот