Англичаните ги објавија идентитетите на напаѓачите на Озил и Колашинац

Минатиот месец, Сеад Колашинац успеа да се одбрани и притоа да го спаси својот клупски колега Месут Озил од разбојници кои сакаа да ги ограбат среде Лондон. Иако настанот се случи пред повеќе од еден месец, англиските медиуми но и полицијата работат на случајот и конечно го открија идентитетот на напаѓачите.

Од слобода се лишени Турците Ферхат Ерчан (27 години ) и Саламан Екинчи (27) кои се сомничат за нападот, и денеска се појавија на распит во лондонската полиција .

Според медиумите, двоецот негира било каква поврзаност со нападот на фудбалерите на Арсенал.
Ерчан и Екинчи беа уапсени при физичката пресметка со обезбедувањето на Месут Озил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот