Нов рекорд во Ф1: Сите четири гуми за 1.91 секунда! (ВИДЕО)

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Иако во центарот на вниманието беше судирот меѓу Макс Верстапен и Себастијан Фетел, вистинските херои беа механичарите на Ред Бул.

Тие во 14 круг од трката поставија нов Ф1 рекорд, според времето кое нивниот болид го помина во боксот.

Тимот на Ред Бул успеал на болидот на Марк Верстапен да му ги промени сите четири гуми за рекордно брзо време од 1 секунда и 91 стотинки, со што го урнаа рекордот поставен пред неколку сезони.

Претходниот рекорд го имаше екипата на Вилијамс, кој својот возач Фелипе Маса во боксот го задржа 1,92 секунда, на трката во Баку во 2016 година.

Во генералниот пласман оваа сезона кај конструкторите, Ред Бул моментно се наоѓа на третата позиција со 191 бод, зад Мерцедес на првата позиција (407) и второпласираниот Ферари (243).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот