Нов спектакл во ЛШ, во продажба поединечните билети за мечот Вардар – Алборг

фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Од денеска почнува продажбата на поединечните билети за вториот домашен натпревар од Лигата на шампионите меѓу Вардар1961 и Алборг.

Средбата е закажана за среда, 29 септември со почеток во 18,45 часот во СЦ „Јане Сандански”. Дозволено е користење на 30 отсто од капацитетот на салата, до максимални 1.800 лица.

Продажбата на билетите ќе се врши:

Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Цени по блокови:

Блок А2, А3,А5 и А6 – 450 ден.

Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 – 400 ден.

Блок 1,2 и 9 – 350 ден

Продажба на билети (доколку останат слободни места) ќе има и пред самиот почеток на средбата, во среда од 17.00 часот на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” до 17.00 часот па се до почеток на средбата.

Оние што купиле сезонски билети, а не ги замениле со пластифицирани истото ќе може да ги сторат на продажното место на купикартиза се во ГТЦ во Скопје, или пред самиот почеток на средбата на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” во средат (29 септември)

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:

* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот