Нов македонски стрип најави авторот Матеј Богдановски, ќе се вика „Џукела и Пацоф“

Стрип „Џукела и пацоф“ / фото: Матеј Богдановски/Фејсбук

Македонскиот визуелен уметник Матеј Богдановски најави дека во следните денови ќе излезе првото издание на новиот македонски стрип со наслов „Џукела и Пацоф“.

Богдановски на Фејсбук го претстави и изгледот на неговите нови цртани (анти)херои.

„Драги пријатели и пријателки, со особено задоволство ви го најавувам мојот нов стрип ЏУКЕЛА И ПАЦОФ кој треба да излезе деновиве, даден е на печатење. Нема сеа да должам многу, деновиве е пуштам по некоја табла само за ваше лепе очи, ова вака колку да ве информирам дека се праи нешто. повеќе информации следуваат,“ напиша тој.

Матеј Богдановски во 2020 година беше актуелен со стрипот „Улица“, работен по истоимената повест на големиот македонски писател Славко Јаневски и издаден по повод стогодишнината од неговото раѓање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот