Нов кадетски и младински рекорд на Македонија - Слободен печат
ОстанатoСпорт

Нов кадетски и младински рекорд на Македонија

Младата талентирана пливачка Миа Блажевска Еминова оствари голем резултат на Националното летно државно првенство со време од 58:81 за нов рекорд.

Рекорд кој дефинитивно е нов доказ за каков потенцијал станува збор, и во април годинава во Белград таа забележа и два државни рекорди.

Рекордерката Блажевска Еминова е репрезентативката на Македонија и членка на П.В.К.Орион од Скопје.

Националното летно државно првенство се одржа во периодот од 29 јуни до 1 јули 2019 година на Олимпискиот базен Центар.

Блажевска Еминова постави нов кадетски и младински рекорд на Македонија со време од 58:81.

Стариот кадетски и младински рекорд беше исто така во нејзина сопственост со резултат 58:96.

Сите резултати од првенството можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close