Нојер го шокираше светот: Имав три операции на лицето поради рак на кожата

Германскиот репрезентативен голман Мануел Нојер/фото: EPA/MARCUS BRANDT

Голманот на Баерн и германската репрезентација, Мануел Нојер, кој моментно е надвор од терените поради проблем со рамото, за „Билд“ откри дека има рак на кожата и дека поради тоа направи три операции.

Нојер истакна дека претходно не сакал да зборува за тоа пред јавноста во изминатиот период.

Одлучи да лансира козметички производ како дел од компанијата „Њуки“, кој го дели со тенисерката Анжелик Кербер, која исто така има проблем со кожни болести.

Легендарниот голман поради проблем откри дека го имал овој проблем, но не прецизираше кога.

– Во мојот случај тоа беше рак на кожата, на лицето, поради што имав три операции. Поради тоа што најчесто тренираме и играме на отворено, а слободното време го поминуваме и во природа, важна ни е и соодветната заштита на кожата – се зборовите на Нојер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот