Ништо не ги чисти белите дробови подобро од оваа напивка: Ја ублажува кашлицата и го исфрла шлајмот

unsplash
Фото: Unsplash

Упорната кашлица е карактеристичен симптом на бактериски или вирусни инфекции на дишните органи. Овој вид на кашлица секогаш е придружен со густ секрет во грлото кој е залепен за ѕидовите на бронхиите, поради тоа многу тешко се исфрла.

Во овој случај од голема помош се народните лекови. Слузта од белите дробови најефикасно ги исфрла народната напивка на база на бел слез.

Бел слез за исфрлање слуз (шлајм) кај возрасните:

Прелијте една лажица иситнет корен од бел слез со 2 децилитри ладна вода и оставете да отстои поклопен 6 до 8 часа, а потоа процедете и пијте во мали голтки. Вака подготвениот чај за искашлување на шлајмот пијте го до два пати дневно, и тоа без шеќер, и резултатите нема да изостанат.

Бел слез, лен и жалфија за исфрлање на слузта кај децата:

Како исклучително ефикасен природен лек за подобро исфрлување на слузта кај децата и кај возрасните се покажал белиот слез во интересна чајна мешавина со ленено семе и жалфија.

Измешајте една лажица корен од бел слез, една лажица ленено семе и една лажица сува жалфија. Сипете 2,5 децилитри вода во тенџери, па додадете 100 грама кафеав шеќер. Кога шеќерот ќе се стопи, додадете ја мешавината од билки и еден лимон, добро измиен и исечкан на парчиња. Варете на умерена температура 15 минути, а потоа тргнете го садот од оган и процедете. Земајте по една лажичка од сирупот, 4 пати на ден, додека не почувствувате подобрување.

Сирупот за искашлување на слузта е најдобро да се чува во фрижидер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот