Нина Дуковска ни препорачува: Израдувајте ги најблиските денес со неодолови, брзи и здрави кесадиљи!

„Со лесен и брз рецепт, внесете ја мексиканска кујна во својот дом“

Потребни состојки:

  • Интегрални тортиљи
  • Домат (исечен на тенки кругови или коцки)
  • Кромид (ситно сецкан)
  • Кашкавал
  • Црвено песто
  • Пиперки (лути или благи)
  • Маслиново масло

Подготовка:

Исечете ги тортилите (од долниот дел) на половини. Наредете ги состојките по желба и завиткајте.

Откако ќе завршите со полнењето, ставете ги кесадилите во тавче, на тивок оган. Кратко пропржете ги додека се стопи кашкавалот.

Почекајте неколку минути да се излади, па послужете.

НА ЗДРАВЈЕ!


За повеќе вакви рецепти, заследете ја ОВАА ФЕЈСБУК ГРУПА и ОВОЈ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот