Нина Бадриќ се соочила со својот прогонувач: Пензионер поставил апарат за следење на автомобилот на пејачката

Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Хрватската пејачка Нина Бадриќ открила дека пандемијата на коронавирусот многу ја променила, а потоа шокирала кога открила дека се соочила со својот прогонител, кој поставил апарат за следење на нејзиниот автомобил.

Инаку, Бадриќ во април годинава се сретнала на суд со пензионерот што две години ја следел. Сега првпат открила која ситуација пресудила за да ѝ се обрати на полицијата и колку многу живеела во страв.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Замислете како е да се живее со сознанието дека некој постојано ве следи и дека секогаш ве демне? Дека ја знае вашата адреса и ви доаѓа на прагот, ѕвони на вратата од станот, дека оди на летен одмор каде што летувате и дека спие во хотелите каде што настапувате. Дека тој во секој момент знае каде се наоѓате и дури на автомобилот да пронајдете и апарат за следење. Најмногу сум ѝ благодарна на полицијата со која сум во контакт, бидејќи овие работи не се воопшто безопасни. За жал, многупати во животот поминав низ такви ситуации и се надевам дека никогаш повеќе нема да морам да се соочувам со такви луѓе, бидејќи тоа не би му го посакала никому, изјавила Нина Бадриќ за хрватски „Јутарњи“.

Пејачката открила дека минатата година го победила коронавирусот и дека сега се чувствува одлично. Имала благи симптоми, налик на посериозна настинка. Бадриќ открила и дека исхраната комплетно ја променила, станала вегетаријанка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот