Николовски: Објавивме оглас за кандидати на градоначалници без услов да сте член на СДСМ

Љупчо Николовски фото Фејсбук

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски на својот твитер профил напиша дека досега владејачката СДСМ има над 560 кандидати за градоначалници и над 5.000 кандидати за советници.

– Низ отворена и транспарентна, демократска постапка која што дава шанса на секој, заедно со граѓаните и членството ќе ги избереме најдобрите кандидати. Објавивме оглас за кандидати на градоначалници каде што нема услов да бидете член на СДСМ за да се кандидирате за градоначалник, треба сасмо да ги доставите вашите проекти со визијата за вашата општина во следните четири години, вели Николовски.

 

Видео на денот