Николиќ: Се надевам триумфот над Цедевита Олимпија е крај на нашите слаби натпревари

фото: MZT Skopje Aerodrom/Danail Petrovic

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, конечно, наплатија за сите порази по добри игри во последните неколку средби во АБА лигата, па со фанатична борбеност во сите 40 минути ја совладаа фаворизираната Цедевита Олимпија (79:74).

Тренерот на македонскиот кошаркарски шампион, Драган Николиќ вели дека со оваа поебда ќе се зголеми самодовербата кај неговите играчи.

– Ја заслуживме оваа победа и порано, знаете на кој натпревар алудирам, но тогаш немавме среќа. Се надевам дека со овој триумф ќе ни се зголеми самодовербата и дека е крај на нашите слаби натпревари, но и на проблемите со повредите. Победивме силен ривал, многу ја ценам работата што ја направи колегата Големац. Секогаш ги посветувам победите на некого, па оваа победа им ја посветувам на сите оние кои ми дадоа поддршка од првиот ден кога дојдов во клубот – рече Николиќ по мечот со Цедевита Олимпија.

Следниот јадрански предизвик за МЗТ Скопје е тимот на Морнар, на кој ќе му гостува следниот петок.

– Честитки за кошаркарите на МЗТ Скопје на победата, повеќе ја посакуваа и заслужено дојдоа до неа. Говорев дека ова е сосема нова екипа на домаќинот во однос на првата полусезона, со 4-5 нови кошаркари. Ние одигравме без енергија и без самодоверба, а не можевме да сметаме на неколку играчи кои вообичаено се носители – се зборовите на тренерот на Цедевита Олимпија, Јурица Големац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот