ВИДЕО: МЗТ им се врати на победите во АБА лигата, совладана Цедевита Олимпија во Скопје

фото: MZT Skopje Aerodrom/Danail Petrovic

Во СЦ „Јане Сандански“ голема и важна победа остварија кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во борбата за опстанок во АБА лигата.

Македонските шампиони триумфираа против Цедевита Олимпија од Словенија со конечен резултат 79:74 (19:21, 22:14, 15:17, 23:22).

Тимот на Драган Николиќ одигра еден храбар меч што на крајот му донесе триумф. Освен во првата четвртина, во која противникот делумно беше рамноправен, во преостанатиот дел МЗТ беше во водство, го диктираше темпото, а во еден момент имаше и „плус 14“ (37:23). Љубљанчани својот квалитет го покажуваа во неколку наврати, но најмногу до изедначување, на што МЗТ веднаш одговараше со нова серија и водство кое на крајот беше недостижно за „змајчеки“.

Американецот Кук за „металците“ доминираше со 26 поени, следен од В. Стојановски кој запиша 18. На спротивната страна Американецот Адамс постигна 15 поени, а три помалку имаше Матковиќ.

Аеродромци по третиот триумф сезонава во регионалното натпреварување и натаму се на последната 14 позиција со 21 бод, колку што имаат и Борец, Игокеа и Морнар Бар. Екипата на Цедевита Олимпија која го претрпе петтиот пораз (трет во низа) е на четвртото место со 29 бодови, колку и третопласираниот ФМП Београд.

Во следното коло составот на МЗТ ќе ги одмери силите против црногорскиот Морнар Бар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот