Никол Шерзингер: Булимијата ми ја украде среќата и самодовербата

Фото:Принтскрин - Инстаграм

Никол пред неколку години призна дека се борела со булимија. Таа не била задоволна со изгледот, па така во текот на ноќта излегувала од домот и била уверена дека мора да биде уште послаба.

Никол Шерзингер (42), членката на поранешната група „Pussycat Dolls“ сега задоволно позира и ја покажува заводливата линија и тен, но таа порано се борела со недостатокот на самодоверба. Речиси никогаш не била задоволна со својот изглед.

Фото: Инстаграм

„Денес многу повеќе го прифаќам своето тело. отсекогаш бев многу критична кон себе. на 14 години започнав да трчам. Во текот на ноќта ќе излезев од домот и бев уверена дека морам да бидам послаба и дека моето тело мора да изгледа токму онака како што сум замислила“, раскажа пејачката.

Таа пред неколку години призна дека се борела со булимија. Иако сега е здрава, болеста сепак оставила трага.

Фото: Инстаграм

„Се чувствував многу заробено и булимијата ми ја украде сета среќа, самодовербата и спомените. Голем дел од тоа се случуваше и кога бев во групата „Pussycat Dolls“. Имам многу обожаватели и не сакав тоа јавно да го откријам бидејќи се срамев. Но кога конечно јавно проговорив за тоа, сфатив дека тоа им помогна на многумина“, раскажа пејачката

Фото: Инстаграм

Таа откри и која тајна состојка ја користи за да има беспрекорен тен и сјајна коса.

„Кокосовото масло го користам за се. За лицето, телото, ги мачкам и краевите на косата. Дури го користам и наместо дезодоранс“, изјави Никол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот