Никогаш не го прекршувајте ова правило кога користите прашок за печиво

Profimedia

Готвење колачи, торти и други десерти најчесто бара додаток, прашок за печиво. Исто така, може да се стави и во солени јадења.

Но, пред да започнете со готвење, прво мора да обрнете внимание на една многу важна работа. А тоа е рокот на траење на прашокот зa печиво.

Колку и да ви се чини дека прашокот за печиво, нема мирис, нема сменето конзистенција, нема бубачки итн., ако рокот за употреба е поминат, фрлете го.

unsplash

Прашокот за печиво вообичаено има рок на траење од две години, а ако сте го отвориле и не сте
го искористиле, рокот се намалува на шест месеци. Овој производ функционира на база на хемиска реакција, која помага во процесот на печење. Ако му е изминат рокот на употреба, тогаш колачите немаат креација, ќе останат сплескани и нема добро да се испечат.

Но, ако се мислите дали можете да го користите веќе отворениот прашок за печиво, има еден мал трик. Во чаша со топла вода ставете мала количина од него. Ако почне да се појавуваат меурчиња, што значи дека е уште добар. Во спротивно, флете го и купете нов, со кој сигурно ќе добиете вкусен мек десерт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот