Ник Кејв: Канје Вест е најголемиот уметник на нашата генерација

Фото: Профимедија / ЕПА

Американскиот рапер Канје Вест е еден од најголемите музички генијалци, барем кога станува збор за хип-хоп музиката. Во последно време, неговото име сѐ почесто се појавува во новинарските написи. За жал, во негативен контекст. Неодамна, Вест го шокираше светот со своите контроверзни ставови, полни со нетрпеливост спрема еврејскиот народ врз расна и национална основа и со говорот на омраза.

Канје Вест / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Австралискиот музичар Ник Кејв ги коментираше неодамнешните антисемитски коментари на Канје Вест. Тој ги нарече „длабоко разочарувачки“ и „срамни“, но истакна дека Канје е најголемиот уметник на неговата генерација.

Instagram
Фото: Принтскрин -Instagram

„Канје е за мене, контроверзно, е најголемиот уметник на нашата генерација. Ја сакам неговата музика. Едноставно, никогаш порано не сум слушнал такво нешто. Но, да ти истакнува овие антисемитски работи. тоа е срамно. Дали оваа личност треба да се спушти од толку големи височини до толку заморни срања што ги слушавме толку често? Тоа е длабоко разочарувачки и можеби ќе ми биде тешко да ги слушам албумите на Канје некое време“, истакнал Кејв.

ФОТО+ВИДЕО | Сите се загрижени за Кање Вест: Доживеал нервен слом и има расистички ставови

Сепак, тој знае дека ќе успее да го преболи.

„На крајот, повеќе ги ценам резултатите и знам дека со текот на времето ќе можам да го надминам тоа и да се чувствувам слободно да можам повторно да ја слушам музиката на Канје. Дека тој нема да остане засекогаш заробен во најлошиот аспект на неговиот карактер и музиката што ја прави е патување подалеку од неговата најлоша карактеристика, како и целата наша музика“, изјавил Кејв.

Падот на Канје Вест: Од музички генијалец, до човек кому светот му го сврте грбот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот