ФОТО+ВИДЕО | Сите се загрижени за Кање Вест: Доживеал нервен слом и има расистички ставови

Канје Вест / Фото: LAGOSSIPTV/BUZZIPPER / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Блиски пријатели на американскиот рапер Кање Вест се загрижени за неговата здравствена состојба, пишува „Пејџ сикс“.

Оние кои се поупатени во животот на раперот не се сомневаат во тоа дека неговото неодамнешно скандалозно однесување е резултат на нервен слом и веруваат дека ова е најтешкиот период низ кој поминува раперот. Всушност, Вест едвај спиел во последно време, а токму поради овој проблем тој беше хоспитализиран во 2016 година.

Фото: RMBI / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Извори блиски до Вест велат дека неговото чудно однесување започнало минатата недела, кога отпуштил соработник со кој требало да работи на неговата модна ревија во Париз, а потоа ги укинал сите дотогашни планови и набрзина направил ново шоу со контроверзната „Животите на белците се важни“ тема.

Исто така, раперот договорил интервју со Такер Карлсон и покрај советите од страна на неговиот тим да не го прави тоа. Оттогаш, тој ги отпуштил сите советници кои не се согласувале со него или се спротивставиле на неговите идеи, кои нашироко се сметаат за расистички.

Моментално, Вест се обидува да ангажира нов тим со кој ќе се посвети на политиката и сака да се фокусира на неговата втора претседателска трка во 2024 година. Тој објави и фотографија од бејзбол капа на која на работ е испишано „2024“.

Пријателите на раперот се загрижени за неговото чудно однесување и се обидуваат да најдат начин да допрат до него и да го убедат да побара стручна помош.

Како потсетување, Вест беше хоспитализиран поради психички проблеми во 2016 година, а во 2019 година сподели дека се соочува со биполарно растројство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот