Ни сам не знае како му успеа: Го паркирал автомобилот на покривот од куќата, па излегол блед како крпа

Многу пати сме слушнале дека некој автомобил во сообраќајка завршил на покрив, но дека завршил на покрив од куќа, тоа не се слуша секој ден. Поради тоа оваа денешна сцена од Загреб стана хит во регионот.

Имено, неименуваниот сопственик на Фиат Панда успеал некако „да го паркира“ автомобилот на покривот од еден објект во самиот центар на градот.

Како што пренесуваат локалните медиуми, мажот кој управувал со возилото, од се уште неутврдени причини и под необјаснети околности слетал на покривот од објектот, кој за среќа, служел како простор за складирање.

Дури и противпожарната бригада на Загреб го објави настанот, со шеговит опис.

Uživo sa zagrebačkih ulica…ovaj krovova…Nema ozlijeđenih.

Publiée par Vatrogasna postrojba Zagreb sur Vendredi 15 mai 2020

– Беше блед како крпа. Тотално зашеметен кога пристигна Итна помош, но мислам дека не од сообраќајката туку од самиот факт каде се наоѓа и како сето тоа завршило додека возел. Тој беше во шок, ништо не зборуваше, вели очевидец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот