Незгоден ривал за Металург во ЕХФ купот (ФОТО)

rkeurofarmrabotnik.com

Денеска со ждрепка во Виена македонскиот ракометен клуб го доби противникот во последното трето квалификациско коло за пласман во групите на ЕХФ Купот.

Металург пред себе ќе има тешка задача, бидејќи за ривал го доби словенечкиот клуб на Горење Велење.

Првиот натпревар тимот од Автокоманда ќе го игра на гостински терен на 16/17 ноември во Словенија, а реваншот е една недела подоцна. Вкупно 16 победници ќе се најдат во групната фаза која ќе стартува на 8 февруари 2020 година.

Вчера официјално клубот го промовираше својот нов тренер, нашиот поранешен селектор и екс тренер на Вардар, Зоран Кастратовиќ.

Пласман во групната фаза во ЕХФ Купот ќе бараат уште тројца македонски репрезентативци, Кирил Лазаров со Нант, Филип Кузмановски со Магдебург и Борко Ристовски со Бенфика. Францускиот Нант за противник го доби норвешкиот Арендал, германскиот Магдебург против полскиот Забрзе, а португалската Бенфика ќе се соочи со Нексе од Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот