Нешто сосема поинакво: Пробајте ја марулата во нови комбинации

Фото: Профимедиа

Марулата кај нас е популарен зелен листест зеленчук кој се користи во свежа состојба за салати, сендвичи или како декорација на јадења. Ако ви здодеа ваквиот начин на употреба постојат неколку начини на кои можете да ја подготвите и да ја пробате во нови комбинации.

Пролетна супа – издробете 1-2 големи китки марула, додајте ѝ млад кромид и лук за побогат вкус. Слободно заменете ги зељето, блитвата, копривата со марула, ќе се изненадите од вкусот.

Фото: Профимедиа

Таратор – класичниот таратор се прави од краставици и кисело млеко. Пробајте да ја замените краставицата со тенко сечкана марула. Зачинете со копар, лук и сечкани ореви. Ова е освежителна и заситувачка салата.

Безглутенски донер – ако сакате безглутенски јадења, можете да ги замените питите за донер, бурито и такос, со листови од марула. Наполнете ги смеса од месо и зеленчук и завиткајте ролнички. Ќе се насладувате на секој залак.

Фото: Профимедиа

Сарми со марула – и ова јадење е изненадувачки вкусно. Големите листови од марула можете да ги наполните со смеса од мелено месо и ориз, и потоа да ги сварите. Пред послужување полејте ги со кисело млеко.

Пролетна баница – наместо зеље или блитва, ставете марула. Искомбинирајте ја со сирење и уживјате во новиот вкус на пролетната пита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот