Нејзиниот син за малку ќе ослепел – Мајка предупреди на опасноста од валканите играчки кои се користат во кадата (ФОТО)
Малечкиот Бајлор си играл во кадата со играчки додека се капел, а иако неговата мајка, писателка и новинарка, редовно ги чистела тие играчки, тој добил сериозно опасна инфекција на окото.
Мајката на три деца, Еден Стронг, објасни дека била високо свесна дека бактериите лесно се насобираат во играчките за бањање, па токму поради тоа таа редовно ја цедела водата од нив и ги дезинфицирала.
Еден во својата објава напиша: „Видов неколку објави на кои мајките ги сечеа играчките и покажуваа колкава количина на мувла е наталожена во нив. Затоа редовно ја истиснував водата од нив по секоја купка, ги чистев секоја недела со раствор за дезинфекција и избелување, ги сушев и редовно проверував дали имаат мувла во нив“.
Но и покрај тоа што ги третирала со средство за дезинфекција и избелување, Еден не знаела дека бактериите и понатаму можат да се размножуваат во внатрешноста на играчките и дека колку и да се сушат, тие ретко остануваат целосно суви.
Еден ден дадилката на Бејлор и пренела на Еден дека тој со едната играчка си испрскал силен млаз вода во едното око, но Еден не испаничила бидејќи окото му било малку црвено и не можела да пронајде мувла во таа играчка.
– Мислев дека тоа е едноставно воспалено од водата или пак силниот млаз, па не размислував многу за тоа, објави таа. Но таа вечер окото на Бејлор значително почнало да црвенее и отекува, па Еден и нејзиниот сопруг веднаш го однеле синот на контрола бидејќи се плашеле да не развил коњуктивитис.
Докторот се сложил со нивните сомнежи и заклучил дека е коњуктивитис, при што му препишал капки на Бајлор, но во текот на ноќта окото на Бајлор многу се влошило, отокот бил двојно поголем, а црвенилото се раширило низ целиот образ. Родителите повторно го однеле на дежурен лекар, кој им препишал орални антибиотици.
**WARNING**So I learned a thing. And I’ve sat on it for a couple months because the pictures are so gross that I…
Publiée par Eden Strong – No Shame sur Lundi 21 septembre 2020
Наредното утро окото на Бајлор било толку потечено што тој не можел ни да го затвори, а престрашените родители веднаш го однеле во болница во страв дека момчето може да го загуби едното око.
– Беше врел на допир, а кога проверивме дали има температура, се покажа дека има силна грозница – опиша Еден и објасни дека Бејлор веднаш добил нови антибиотици и морал да направи контролен преглед на окото за да проверат дали мрежицата е оштетена.
– Следната недела беше застрашувачка. Тој имаше тежок целулитис кој на крајот му се прошири низ лицето и на двете очи. Ме предупредија дека може да го загуби видот на окото кое беше силно погодено, но на крајот, фала му на Бога, неговите очи закрепнаа, раскажа мајката Еден.
Целулитисот обично е предизвикан од бактериска инфекција и претставува болна состојба која главно го зафаќа рацете, нозете и стапалата. Но не е редок случај кај малите деца таа да го зафати и целото лице.
Повикувајќи ги другите родители да не ја прават истата грешка, Еден додаде: Играчки за во кадата? Веднаш фрлете ги. Не можете да ги исчистите, едноставно не можете. Не можете да ги видите бактериите и тоа го знам уште од 6-то одделение, но сметав дека сум подобра и попаметна од мувлата и валканите играчки во бањата. Погрешив!, пренесува „The Sun“