Не верувате во маски? Ова видео ќе ви покаже зошто се важни!

Јутјуб/Скриншот

Науката е едногласна – носењето маски е наједноставниот начин за успорување на ширењето на заразата од новиот вирус. Не е тешко да се сфати зошто, но некои се уште се скептични па на Јутјуб се појави видео кое на јасен начин објаснува што треба се да знаете за маските.

Вирусите се можеби тешки за разбирање бидејќи не можат да се видат со голо око, но со помош на Шлиерен-фотографијата, екипата која стои позади каналот It’s Okay To Be Smart успеала убаво да прикажи се ѝ да му се приближи на поединецот.

Со помош на оваа фотографија и „slow-motion“ откриле како изгледа кашлањето со маска и без неа. Разликата е јасно видлива. Кога не носите маска, со секое издижување правите масивен облак потенцијално полн со вируси кои во воздухот патуваат побрзо отколку што мислите.

Маската прави две работи. Прво ги задржува капките кои излегуваат од вашата уста и нос кога кашлате, кивате, зборувате или дишете, а друго, ги успорува оние капки кои сепак успеваат да ја заобиколат ткаенината. Тоа значи дека е помала веројатноста од зараза за луѓето околу вас.

Маските се делотворни, а ова видео ќе ви покаже зошто:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот