„Не сум видела толку студени очи“: Данската кралица Маргрета за средбата со Путин
Данската кралица Маргрета Втора, најдолговечниот шеф на држава во Европа, вели дека во над половина век колку што е на тронот, имала средби со бројни светски лидери, но во посебно паметење ѝ останала средбата со рускиот лидер Владимир Путин.
Препорачано
Кралицата двапати се сретнала со Путин – првиот пат во 2011 година, а повторно се виделе на 70-тата комеморација на Денот Д, односно инвазијата на сојузниците на Нормандија, во 2014-тата. Taa раскажува дека за време на овие средби, мислела дека Путин не е пријатна личност.
„Никогаш во животот не сум видела толку студени очи“, рече таа во интервју за данскиот часопис „Weekendavisen“.
Кралицата на Данска изјави дека внимателно ги следи настаните во Украина и дека е импресионирана од упорноста на Украинците. Таа го опиша украинскиот претседател Володимир Зеленски како „вистински човек во вистинско време“.
Кралицата ја прогласи за многу важна одлуката на Европа да испрати борбени тенкови во Украина.
„Путин мислеше дека може да ја распарчи Европа, но нѐ обедини“, изјави 82-годишната данска кралица.


