20 C
Скопје

Не стивнуваат реакциите: Британците се бесни по интервјуто на Хари и Меган и од кралицата бараат само една работа

Откако беше емитувано интервјуто со војводите од Сасекс, во кое беа изнесени сериозни обвинувања до кралското семејство, јавноста се подели. Додека едни се радуваат и конечно го гледаат крајот на монархијата, други се бесни и бараат од кралицата да им ги одземе титулите.

Додека во палатата се радуваат за позитивните вести во врска со здравјето на принцот Филип, кој 20 дена е во болница, кралицата молчи во врска со интервјуто, јавноста е поделена.

Антимонархистите го слават крајот на кралското семејство, а следбениците на монархијата се лути. Со жестоки реакции ја нападнаа и медиумите.

youtube
принтскрин

– Ова беше претстава од почеток до крај. Се однесуваа многу себично и двајцата изнесоа многу сериозни обвиненија, знаејќи дека кралското семејство не може да го возврати ударот. Покажуваат непочитување кон кралицата, ја напаѓаат монархијата, ова е навреда за британскиот народ. Го обвинија кралското семејство за расизам, но не го открија името на тој расист. И не ја кажаа вистинската причина за титулата на Арчи – остар беше Роберт Џобсон, автор на книгата „Дајана: добро чувана тајна“.

Фото: Профимедиа

Имено, според тврдењето на познавачите на монархијата, право на титула принц има само оној што е директен наследник на тронот. Во случајот Вилијам и неговите деца. Истото се однесува и за обезбедувањето, кое Меган тврди дека му било ускратено на Арчи, а тоа го немаат ниту братучетките на Хари, односно ќерките на принцот Алберт.

Уредникот на „Дејли Мирор“, Раел Мајерс, рече дека кралицата сигурно длабоко е разочарана од бројните обвинувања кои нејзиниот внук ги искажа во интервјуто заедно со семејството, и ги обвини Хари и Меган дека се себични.

Свое мислење за интервјуто изнесе и авторката на книгата „Хари: разговори со принцот“, Анџела Левин, која изјави дека е вознемирувачки да се слуша признанието на Меган за самоубиствените мисли.

– Меган звучеше како да била во затвор. Рече дека никој не бил покрај неа во тешките моменти кога ја напаѓале, но Хари бил покрај неа. Добила еден од кралските помошници со најголема доверба. Не е во ред да каже дека никој не бил покрај неа. Сигурна сум дека за неколку години Хари ќе зажали за ова интервју. Двајцата покажаа дека им недостига емоционална интелигенција – заклучува Левин.

Instagram
Instagram

Медиумите пишуваат дека Британците се огорчени и осрамотени и сметаат дека и двајцата треба да ги вратат титулите бидејќи по ова покажаа дека не ги заслужуваат.

Полусестрата на војвотката од Сасекс, Саманта Маркл, одамна покажа дека не ја симпатизира и сосема беше очекувана нејзината реакција по интервјуто, со која остро ја обвини дека лаже и за тоа приложи докази. Имено, на прашање од Опра за книгата која Саманта Маркл ја издаде пред една година, Меган изјави дека не ја познава доволно и дека не се виделе повеќе од 20 години, додавајќи дека Саманта го вратила презимето Маркл откако дознала дека таа е во врска со Хари. На ова постарата полусестра жестокото реагираше, а како доказ дека војвотката лаже приложи фотографии од нив две во 2008 година, како и документ од 1997 година на кој се гледа дека го сменила презимето во Маркл, и фотографија од факултетската диплома на која стои истото име и презиме – Саманта Маркл.

Фото:Профимедиа

Полусестрата уште еднаш ја обвини војвотката дека е манипулаторка и дека поради неа таа е во депресија.

А, во меѓувреме, како ништо да не се случило, Меган и Хари само неколку часови по интервјуто на својот инстаграм-профил објавија фотографија на која Меган, облечена во цветен фустан, во раце го држи Арчи, кој во мај ќе прослави втор роденден, додека принцот Хари босоног ги прегрнува двајцата од зад грб. Црно-белата фотографија и овој пат ја направи фотографот Мисан Хариман, со чија фотографија претходно ја објавија веста за бременоста на Меган.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Misan Harriman (@misanharriman)

Поврзани вести

ФОТО | Се вакцинираше актерката Џенифер Анистон: Јас сум привилегирана

Слободен печат

ВИДЕО | Готова за три минути: Апаратите за пица кои ги шокираа Италијаните

Слободен печат

ВИДЕО: Кортни Кокс ја исфрлила водителката од дома бидејќи била лоша цимерка

Слободен печат

ФОТО | Јелена Карлеуша ги замолчи оние кои не веруваат дека се вакцинирала: Јецо, те почитувам, но иглата никаде не ја гледам – Затоа што си слепа!

Слободен печат

Кралицата Елизабета никогаш не открива што сака најмногу да јаде: Има една многу добра причина за тоа!

Слободен печат

ВИДЕО | Новиот хит на „Coldplay“ прв го слушна астронаутот Томас Пескет: Концерт за една личност

Милена Ри

Остави Коментар