Не се досадувајте ова попладне – Направете си полнети грклани

Фото: Профимедиа

Прочитајте како да го подготвите овој превкусен десерт кој ќе го израдува целото семејство…

Состојки:

За тесто:

1 килограм брашно

2 лажички сол

2 лажички шеќер

150 милилитри масло

малку млака вода

500 грама маргарин

За фил:

1 литар млеко

1 ванилин шеќер

15 лажици шеќер

10 лажици брашно

4 јајца

150 грама маргарин

Подготовка:

Во подлабок сад, ставете го брашнот, солта и шеќерот ,маслото за јадење, малку млака вода и потребното количество на маргарин. Со рака, убаво измесете ги сите состојки. Откако ќе добиете лепливо тесто, оставете го да „одмори“ околу 10 минути. Потоа, на работната површина, посипете брашно и со помош на сукало развлечете кора, дебела околу еден сантиметар.

Со помош на остар нож, кората исечете ја на ленти. Секоја лента замотајте ја врз калапот за подготовка на „грклани“. Вака подготвеното тесто, се пече во претходно загреана рерна на температура од 200 степени целзиусови околу 15 минути. Кога тестото ќе биде готово, извадете го од рерна и почекајте да се излади.

За тоа време, започнете со подготовка на филот. Во 750 милилитри млеко додадете го шеќерот и ванилиниот шеќер и оставете ги состојките на оган за да се загреат.  Во друг сад, на страна, во остатокот од млекото, растворете го брашното, а потоа убаво измешајте го за да нема грутчиња.

Во трет сад, убаво изматете ги јајцата. Јајцата, и брашното, додадете ги во млекото кое врие на огнот. Мешајте постојано за да не загори кремот. Кога ќе ја добие потребната густина, вака подготвениот фил, тргнете го од оган и во него растопете го маргаринот.

Добиениот фил, се става во готварски шприц и со него се полнат гркланите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот