„Не ми ставија лисици“: Теа Таировиќ се огласи по апсењето во Шведска

Теа Таировиќ
Теа Таировиќ / Фото: Инстаграм/Теа Таировиќ

Пејачката Теа Таировиќ во саботата настапила во Шведска, каде со својот настап направила одлична атмосфера, но набргу забавата била прекината.

Како што ексклузивно дознава српски Телеграф“, пејачката била приведена во полиција, а сега се појавила снимка од нејзиниот настап каде тоа се случило.

Имено, на видеото јасно се гледа дека пејачката носи ист фустан, а има и иста фризура, што може да се види и на фотографиите објавени во медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

Менаџерот на познатата пејачка дал изјава на српски Телеграф“ и објаснил што се случило.

„Полицијата синоќа дојде на редовен увид. Бараа договори, не само од неа туку и од Стоја и Девит. Таа го покажала договорот и полицијата и се заблагодарила, немале причина да ја приведат. Вечерва настапува на приватна прослава во Софија, Бугарија“, изјави Бриџис за Телеграф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

По објавите во медиумите, и самата пејачка се огласи на социјалната мрежа Инстаграм.

„Го работев тоа што го работам секој викенд – пеев. Го завршив настапот и отидов на аеродром. Моментално сум во Софија. Што се однесува до спорните фотографии на кои, наводно, имам лисици, само да кажам дека стоев со рацете на грб. Тоа го правам многу често, бидејќи ме боли кичмата, а пред мене беше обезбедувањето, што е, исто така, нормално. Да имав лисици, немаше ни да можам да пејам вечерва, ниту да ви се обратам сега“, објаснила Теа на Инстаграм.

ВИДЕО | Најслушаните песни на Јутјуб: Еве што најмногу слушаат Македонците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот