Принц Ендру
Принцот Ендру / Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Не е многу, но не е ни малку: Откриен месечниот приход на принцот Ендру откако се повлече од должностите

Принцот Ендру со години живее повлечено, без официјални должности и со ограничени извори на приходи, откако му беа укинати државните дотации. Колку всушност „заработува“ принцот Ендру? Одговорот на ова прашање го знаат малкумина … Некогаш популарниот член на кралското семејство се откажа од своите кралски титули и сега мора да се потпира на многу ограничена финансиска основа.

Пензија од воената служба

Според пишувањата на странските медиуми, принцот Ендру прима годишна пензија од околу 20.000 фунти (приближно 23.000 евра), стекната за време на неговата служба во Кралската морнарица. Тоа изнесува околу 1.667 фунти, односно приближно 1.900 евра месечно, пишува „Итв“ (Itv).

Освен таа пензија, нема јавни информации за други редовни извори на приход.

Исплатите од Sovereign Grant, државните средства наменети за членовите на кралското семејство, беа укинати во 2024 година.

Живот во кралскиот имот

Од 2003 година, принцот Ендру живее во Royal Lodge во Виндзор простран имот со триесет простории. Според договорот, тој не плаќа стандардна кирија, туку симболичен надомест, што му овозможува да живее таму без реални трошоци за наем.

Сепак, останува непознато како ги покрива високите трошоци за одржување, осигурување и персонал, кои, според извештаите се огромни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот