Не би се обложил на Пирло, но може да биде подобар од Зидан!
Легендарниот фудбалер на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро е навистина изненаден од изборот со Андреа Пирло на местото тренер на италијанскиот шампион.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Пирло доаѓа како наследник на Маурицио Сари кој си замина после елиминацијата во осминафиналето од Лигата на шампионите против Лион.
– Да бидам искрен, јас не би се обложил тој да биде тренер на првиот тим. Изненадување е и за мене. Прво бев среќен од веста дека ќе седне на клупата на У23 тимот на Јувентус, што беше вистински потег за него, но тој тоа го прескокна и сега можам само да му посакам среќа – рече Дел Пјеро.
Во Јуве се одлучија за својот екс играч од средниот ред, иако нема ни ден тренерско искуство.
– Мислам дека тоа полека се менува. Претходно играчите мораа да поминат долг процес пред да бидат тренери, но гледаме примери како браќата Филипо и Симоне Инзаги, Џенаро Гатузо..На прашањето дали Пирло може да ги следи стапките на Зинедин Зидан (Реал Мадрид), мислам дека тоа не е фер споредба, бидејќи Зизу веќе работеше со младинскиот тим на Реал, па беше асистент на Карло Анчелоти. Но, мислам дека Пирло има сè што е потребно да биде дури и подобар од Зидан – додаде поранешниот италијански репрезентативец.


