Изненадување: Пирло ќе биде новиот тренер на Јувентус
По експресниот отказ на Маурицио Сари, Јувентус уште побрзо реагираше во пронаоѓањето на негова замена.
Италијанските медиуми масовно пренесуваат дека челниците на Јувентус изненадија со својот избор за наследник на Сари, нов тренер на „старата дама“ ќе биде Андреа Пирло.
Препорачано
Се уште се чека официјална потврда на оваа вест, но медиумите на Апенинскиот полуостров сметаат дека изборот е донесен и се чека моментот кога претседателот Андреа Ањели ќе ја потврди оваа вест.
OFFICIAL ✍️ | Andrea Pirlo is the new coach of the First Team.https://t.co/riVxl1enbJ#CoachPirlo pic.twitter.com/pf9QRbJ6Ll
— JuventusFC (#Stron9er ?????????) (@juventusfcen) August 8, 2020
Поранешниот италијански репрезентативец пред неколку дена беше назначен за тренер на вториот тим на Јувентус кој се натпреварува во Серија Ц. Идејата на челниците беше Пирло да стекнува искуство и потоа да седне на клупата на првиот тим, но по елиминацијата од Олимпик Лион во ЛШ, експресно му се укажа шанса,
Пирло како фудбалер на Милан два пати триумфира во Лигата на шампионите, а во Јувентус играше од 2011 до 2015 година и во тој период секоја година триумфира во Серија А. Потоа се пресели во МЛС лигата во САД каде играше за Њујорк сити до 2018 година по што се пензионира.
Со италијанската репрезентација триумфираше на Светскотското првенство 2006 година во Германија, а во 2012 година играше во финалето на ЕП.


