НБА ја објави најдобрата петорка од европски кошаркари во историјата, во неа нема место за Јокиќ

Лука Дончиќ и Никола Јокиќ се меѓу најдобрите европски кошаркари што некогаш играле во НБА лигата/ фото: EPA-EFE/JOHN G MABANGLO

НБА лигата во чест на јубилејната 75. сезона од најквалитетна кошаркарска лига на светот, организираше избор на најдобри европски кошаркари кои настапувале во НБА и избра две петорки.

Тимовите ги избраа НБА фановите од Европа како и панел составен од повеќе од 40 претставници на европски медиуми, ТВ куќи и познати кошаркарски лица. Според правилата, гласовите на навивачите чинеа 50 отсто од конечниот избор, а останатите 50 отсто  беше одреден од панелот.

Интересно е што во најдобриот тим во историјата на НБА лигата составен од европски кошаркари, немаше место за актуелниот МВП играч Никола Јокиќ кој и сезонава е фаворит за ова признание.

Најдобрата петорка ја сочинуваат Јанис Адетокумпо, Лука Дончиќ, Пау Гасол, Дирк Новицки и Тони Паркер.

Втората најдобра петорка од европски кошаркари ја сочинуваат Никола Јокиќ, Тони Кукоч, Арвидас Сабонис, Предраг Стојаковиќ и Дражен Петровиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот