Навреда, ривалски потег или само инает: Лејди Гага носеше „Haus of Versace“ фустан на премиерата на „House of Gucci“ во Милано

лејди гага милано
Фото: Принтскрин / Instagram

Иако филмот „House of Gucci“ го ужива периодот на своите светски премиери овие денови, постојано се јавуваат интригантни шпекулации околу приказната која ја прикажува, прифаќањето од вистинското семејство Гучи, и секако, главниот лик кој го игра Лејди Гага. Но, на публиката ѝ е веќе познато дека Лејди Гага сака да шокира, па затоа вчерашната премиера потегнува нови шпекулации: дали е тоа навреда, ривалска интрига, или само чиста пркост?

Прашањето неизбежно се јави – Дали изборот на фустанот кој Гага го испарадира на премиерата на модниот филм е случајно немарен избор?

Гага ја носи насловната улога на филмот кој раскажува семејна приказна за еден од најголемите модни брендови на сите времиња, Гучи, па би се претпоставувало дека храброста да се изигра дел од модната историја носејќи го името Гучи ќе значи и бидување амбасадор на брендот, барем за време на појавувањата на црвениот килим на премиерите на истоимениот филм.

На премиерата во Милано, која се одржа изминатиов викенд, Лејди Гага избра црвен сатенски корсет фустан од куќата Версаче, а веднаш по самиот настан објави фотографија на својот инстаграм-профил на која токму напиша дека овој викенд е „Haus of Versace“.

„Плачев цел ден изведувајќи прес во Милано. Толку сум благодарна и почесна што сум во нашиот филм „House of Gucci“. Доаѓа Денот на Благодарноста. Таткото, Синот и вечерва… „Haus of Versace““, напиша Гага.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

За црвениот тепих, Гага облече интензивно црвен сатенски фустан од Версаче со детали од корсет и шлиц до бутовите – за подобро да ги покаже сатенските шпиц црвени потпетици со платформа кои совршено одговараа на заводливата тоалета. Целиот изглед беше извлечен заедно со накит од Tiffany & Co и шик дел издигната, дел спуштена фризура, совршено заоблени веѓи, сјајна „nude“ усна и храбра шминка на очите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Првата премиера на филмот се одржа во Лондон, каде пејачката и актерка сепак се појави во Гучи виолетов фустан и мрежасти чорапи, и не изостави да му ги овозможи на фустанот „неговите 5 минути“ во драматичен стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот