ФОТО: Леди Гага на насловните на италијанскиот и британскиот „Вог“
Оваа година Лејди Гага ја заокружува со нови бомбастични моменти: една насловна за „Vogue Italia“ овој ноември, една за „Vogue UK“ во декември, и сето тоа во исчекување на нејзиниот втор филм „House of Gucci“ чија премиера е закажана за 16 декември.
Со безбројни незаборавни модни моменти зад себе, 12 Греми награди, Оскар и можеби најексплозивниот подем на слава во 21 век, Стефани Германота ака Лејди Гага е веќе повеќе од декада помеѓу најпознатите луѓе на планетата.
View this post on Instagram
Но, и меѓу најстилските, со нови моменти кои го потврдуваат тоа – феноменалната фотосесија изработена за претстојните изданија на италијанскиот и британскиот Вог.
„Што и да ќе облечам, ќе го послужам со автентичен италијански гламур кој го носам однатре“, изјавува Лејди Гага пред фотографирањето, и не потфрла.
View this post on Instagram
За насловната на британскиот „Vogue“ Лејди Гага носи кастомизиран Скјапарели, инспириран од „“ шише за парфем од 1930-тите. Изгледот, за кој биле потребни шест недели да се изработи, парадира свилени тафета ракави кои го врамуваат црниот мат волнен креп фустан во облак од златно ламе. Целокупниот изглед е финиширан со накитот на „Tiffany & Co.“ и „Boucheron“.
View this post on Instagram
За насловната пак на италијанскиот „Vogue“ тоа е необичаен портрет на лицето на Гага, опколено со розова наметка изработена од свилени кожурци од Валентино, потсетувајќи на класичните модни насловни како оние од 60-тите и 70-тите години.
View this post on Instagram
И двете насловни се фотографирани од Стивен Мејзел и стилизирани од главниот и одговорен уредник на британскиот „Vogue“, Едвард Енинфул.
View this post on Instagram
Гага се освен феноменалните и специфично избрани аутфити, се појавува и фотографирана во одличен „блиц“ во оној најфрапантниот – аутфитот на „мајката Природа“.
View this post on Instagram
Во интервјуата на овие изданија Гага пред сè зборува за нејзиното најново појавување во актерска улога на Патриција Реџани во филмот „House of Gucci“, поранешната сопруга на починатиот Маурицио Гучи, глумејќи во драмата која раскажува за настаните околу убиството на Маурицио, за кое Реџани беше уапсена и осудена во 1995 година.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram