ВИДЕО | Лејди Гага планира убиство: Објавен нов трејлер за филмот „House of Gucci“

лејди гага хаус оф гучи
Фото: Принтскрин / Instagram

Конечно може да го погледнеме новиот трејлер за крими филмот на Ридли Скот „House of Gucci“ – а во него да ја погледнеме Лејди Гага како смислува и планира убиство.

Гага, која во филмот игра покрај Адам Драјвер, Џаред Лето, Џереми Ајронс, Селма Хајек и Ал Пачино, ја глуми улогата на Патриција Реџани, поранешната жена на Маурицио Гучи, кој е внукот на Гучо Гучи, основачот на епонимот и луксузен моден бренд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Сценариото на филмот ја следи приказната од вистинскиот живот. Маурицио почина во 1995 година кога беше застрелан, а Реџани беше обвинета за нарачување на неговото убиство во 1998 година. Во 2014 година таа беше пуштена од затвор.

Филмот ја црпи приказната по книгата „Куќата Гучи: Сензационална приказна за убиство, лудило, гламур и алчност“ на Сара Геј издадена во 2000 година, а сценариото го адаптираше Роберто Бентивења, во ко-продукција на Ридли Скот, Џанина Скот и „Scott Free Productions“.

Во новиот трејлер ја гледаме Реџина како станува дел во семејството Гучи, но нејзините обиди да се инфилтрира во бизнисот наидуваат на анимозитет од Алдо Гучи, чичкото на Маурицио и директор на компанијата повеќе од 30 години.

„Гучи е тоа што јас ќе кажам дека е. Ова не е женска игра. Запомни го тоа“, ѝ вели Алдо на Реџани во трејлерот.

Ова е втор трејлер од филмот кој се очекува да биде прикажан во кино салите на 26 ноември, и треба потресно да раскаже вистинита приказна. Сепак, филмот наиде на остра критика и незадоволство од страна на семејството Гучи.

„Ние сме навистина разочарани. Зборувам во име на целото семејство. Тие го крадат идентитетот на семејството за на направат профит во холивудскиот систем… Нашето семејство има идентитет, приватност. Ние можеме да зборуваме за сè. Но има граница која не смее да се премине“, изјави Патриција Гучи, која е директен наследник на основачот Гучо Гучи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот