ВИДЕО | Филм кој крева прашина: Сензационална приказна за убиство, лудило, гламур и алчност

Profimedia
Фото: Profimedia

Славната Лејди Гага ја толкува улогата на нарачателот на убиството, Патриција Реџани, а самиот филм претставува филмска модна ревија со потпис на Гучи.

Трејлерот за филмот „Куќата на Гучи“ (House of Gucci) привлече големо внимание кај љубителите на модата, но и реакции кај семејството Гучи. Филмот во режија на Ридли Скот е биографски, снимен според вистински настан – нарачано убиство. Американската премиера е закажана за 24 ноември, а во Европа пристигнува ден подоцна, кога се обележуваат 100 години од основањето на модната куќа. Славните глумци се собрани на едно место – од Адам Драјвер и Лејди Гага до Џаред Лето, Џереми Ајронс, Салма Хајек и Ал Пачино.

Во 1998., Патриција Реџиани, поранешната сопруга на Маурицио Гучи и советничка во модната компанија „Гучи“, беше обвинета за нарачување убиство на нејзиниот сопруг. Првичната казна беше 29 години, но поради доброто однесување таа беше ослободена порано, односно помина 18 години во затвор.

Филмот е снимен за време на пандемијата на познати италијански локации, во Милано, Фиренца, Езеро Комо, во Рим на легендарната улица „Виа Кондоти“.  Заплетот на филмот се случува во 1995. и ги воведува гледачите во настаните што му претходеа на нарачаното убиство. Во јануари годинава, во интервју за италијанско списание, самата Патриција Реџиани рече дека е многу среќна што на големиот екран ја игра Лејди Гага која ја смета за гениј и која ја обожава.

инстаграм

Но, веќе во март го смени мислењето, па во интервјуто што го даде за АНСА  рече дека не е среќна зашто Гага не ја контактирала пред почетокот на снимањето, искажувајќи го своето незадоволство дека е навредена што популарната музичка дива воопшто не ја запознала. Продуцентите на филмот реагираа на оваа изјава објаснувајќи дека Гага не треба да се сретне со Реџиани и дека се подготвува за главната улога гледајќи бројни документарни филмови за злосторството и читајќи бројни написи, како и книги за животот на Реџиани.

На незадоволството се надоврза и братучетката на убиениот Маурицио, Патриција Гучи, со изјавата дека семејството Гучи е крајно незадоволно од тоа како е прикажано во филмската приказна.

Судејќи според најавата на филмот, на која многумина во светот се радуваат, мора да се признае дека Лејди Гага совршено го „облече“ ликот на Реџиани, особено во начинот на говорот и гестовите, а тоа се должи што и таа самата има италијански корени, па улогата на таква темпераментна жена добро ѝ прилегаше.

Модната куќа „Гучи“ е основана од Гучио Гучи уште во 1921., во неговата родна Фиренца, првично како мала компанија која се занимавала исклучиво со производство и продажба на луксузни производи од кожа. Откако работел во лондонскиот хотел „Савој“  и запознал богата и елегантна клиентела, Гучио посакал да понуди префинети работи за продажба и…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот